Властите во Венецуеала денеска го ослободија американскиот нивинар Коди Ведл и неговиот соработник откако повеќе од 12 часа поминаа во притвор.
Безбедносните сили во Венецела вчера го приведоа Ведл од неговиот стан во Каракас.
Група од пет мажи во црни униформи, носејќи пишан налог, влегле во станот на Ведли. По два часа тие заедно со Ведли, кој носел голем куфер и торба со опрема, го напуштиле станот.
Ведли повеќе од четири години известуваше од Венецуела, а во последно време работеше како слободен новинар за Еј-Би-Си во Мајами.
И помошникот на Ведли, Карлос Камачо на сличен начин бил одведен од неговиот дом.
Се уште не е познато зошто двајцата новинари се приведени.
Нивното апсење се случи истиот ден кога Владата на Венецуела соопшти дека го протерува амбасадорот на Германија, Данијел Мартин Кринер од Каракас поради мешање во внатрешните работи на земјата.