Во полициска акција во Сараево уапсени четворица луѓе, пронајдени 6 килограми дрога и оружје

Полицијата во Сараево, во акција под кодно име „Твор“, уапсила четворица луѓе поради кривични дела „недозволено производство и продажба на опојни дроги“, пренесе Клих.ба.

Уапсените се наоѓаат на криминалистичка обработка во Министерството за внатрешни работи, по што ќе бидат предадени во надлежност на обвинителството.

За време на претресот на подрачјето на Сараево биле пронајдени шест килограми дрога – спид, марихуана, како и оружје – пиштол и муниција.

Треба да знаете
Последни објави