Судот во Танзанија осуди на смрт со бесење 51-годишен наставник, кој до смрт претепа 14-годишен ученик, објави Би-би-си.
Наставникот Респициус Мтазангира во август минатата година го претепал до смрт Спериус Ерадиус со тап предмет, во училиштето во градот Букобе, во северозападна Танзанија. Наставникот сметал дека Спериус украл рачна торба, поради што ја почнал тепачката. Ученикот негирал, но наставникот продолжил да го тепа.
За време на судењето сведочеле девет сведоци, вклучително и ученици, а според медицински извештаи, момчето починало од последиците од тепањето
Судот го осуди наставникот за убиство и му одреди смртна казна со бесење. Во Танзанија во 1994 година беше извршена последната смртна казна.