Рускиот парламент воведе нови строги закони за интернетот, со кои им се дозволува на властите да ги затворат или да ги казнат сите оние кои шират лажни вести или не ги почитуваат владините претставници на интернет, пренесува Си-ен-ен.
Според предложените закони кои чекаат на конечна потврда од претседателот Владимир Путин, луѓето ќе можат да бидат кривично гонети поради ширење на ,,непристојни” објави во кои се искажува непочитување кон општеството, државата и државните симболи на Руската федерација, како и за владините службеници, како на пример за Путин.
За такви и слични прекршоци, Русите можат да се соочат со 15 дена административен притвор.
Оние кои што ќе објавуваат лажни вести можат да бидат санкционирани со парични казни од 45 и 75 долари, а правните лица се соочуваат со многу повисоки казни во износ од 15 000 долари.
Усвојувањето на новиот закон доаѓа во пресрет на митингор против цензура во медумите што ќе се одржи в недела во Москва.