Милијардер трговец со дијаманти почина од срцев удар за време на операција за зголемување на пенисот во Париз.
Ехуд Арје Ланиадо (65) бил на операција во неидентификувана клиника на Шанзелизе во Париз кога се појавиле компликации за време на зафатот, што завршиле фатално.
Срцевиот удар на искусниот експерт за дијаманти се случил откако му била инјектирана супстанца во пенисот како дел од операцијата за зголемување на половиот орган.
Неговата компанија Omega Diamonds, со седиште во Антверп, Белгија, потврди дека Ланиадо починал.
„Се збогуваме со еден визионерски бизнисмен. Со голема тага потврдуваме дека нашиот основаш Ехуд Арје Ланиадо почина“, стои во соопштението од компанијата.
Негов близок пријател, кој побара да остане анонимен, рече дека Ланиадо „отсекогаш се фокусирал на неговиот надворешен изглед и на тоа како го перцепираат другите луѓе“.
„Го викавме Аргентинецот бидејќи личеше на танго танчар.“
Експертот за дијаманти ја почнал кариерата во Африка во неговите рани 20-ти, не бил факултетски образован и на почетокот работел како масер во хотелот Hilton во Тел Авив.
Во 2015 година Ланиадо го продаде најскапиот дијамант на светот наречен Blue Moon of Josephine на осудуваниот бизнисмен од Хонгконг Џозеф Лау Луен за 48,4 милиони долари.
Не се знае колку точно изнесува богатството на милијардерот со белгиско-израелско потекло.