Како што наближуваат претседателските избори, така ВМРО-ДПМНЕ шири се поголеми лаги, во страв и паника од извесниот пораз што ги очекува. Промената на имињата на дел од институциите е согласно Договорот од Преспа односно уставните измени, одговори СДСМ на нападите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека наспроти сите зборувања на премиерот Зоран Заев, сепак се менуваат имињата на институциите.
„Придавката македонски не се брише, тоа е истата стара лага на ВМРО-ДПМНЕ. Македонски останува за се она се однесува на припадност на македонскиот народ, односно секаде каде што го има етничкиот елемент.
Идентитетот не само што не е загрозен туку е и дополнително потврден. Доволно јасно е само да се погледне регистарот на Обедниети нации, Македонски јазик, македонско итн.
Оние институции кои се однесуваат на македонската националност и припадност, остануваат македонски.
На пример МНТ останува Македонски народен театар бидејќи е на македонскиот народ, а има и Турски и Албански театар.
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку лаги да се обидуваат да внесуваат вознемиреност во јавноста. Граѓаните ќе ја поразат нивната деструктивна матрица и ќе одберат вистински претседател кој заедно со демократските и прогресивни сили ќе ја поведе државата кон членство во НАТО и интеграција во ЕУ“ велат од владејачката партија.