Општина Кисела Вода додели 37 ваучери за новороденчиња

Секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска додели нови 37 ваучери за новороденчиња, од кои 16 се за женски деца и 21 за машки.

Општината еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.

За добивање на ваучер заинтересираните потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Барањата треба да се поднесат во рок од 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Треба да знаете
Последни објави