Анѓушев: Не сум оптимист дека ОХИС може повторно да проработи

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев не е оптимист дека загубарот ОХИС може повторно да проработи и да се спроведе успешна стечајна постапка како во ФЕНИ индустри.

-Како институции и држава треба да сме горди што успеавме да го спасиме ФЕНИ, но меѓу него и ОХИС има и сличности и разлики. Слично е што припаѓаат на процесната индустрија каде ако запре процесот тешко продолжува. Она што е различно што во ФЕНИ процесот не запре, односно и кога беше распишана стечајната постапката доверителите, пред се банките, го финансираа да го одржи своето производство и понатаму. ОХИС, пак, е многу години затворен и не сум оптимист дека може повторно да проработи со капацитетот и на начинот како што работел во времето на поранешна Југославија, рече Анѓушев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Треба да знаете
Последни објави