Министерот Фазлиу се сретна со градоначалникот на Желино, Сејдиу

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска го прими градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, со кого разговараше за тековните активности во оваа општина, плановите за развој, решавањето на инфраструктурните проблеми и можностите за користење на националните фондови наменети за општините и средствата од Европската унија.

Министерот Фазлиу на средбата истакнал дека е подготвен да ги поддржи иницијативите на Општина Желино, притоа нагласувајќи дека од една страна е ограничениот капацитет на Министерството за локална самоуправа и од друга страна бројните можности за користење на буџетските средства, како и фондовите на ЕУ.

-Но, во овој случај тој ја нагласи потребата за професионална посветеност на општините и конкретни активности кои треба да ги користат преку квалитетни проекти со што ќе обезбедат финансиски средства со кои ќе се овозможи практична реализација на нивните цели. Министерот Фазлиу истакна дека во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе има грантови од Светската банка за реконструкција и изградба на нови локални патишта која ќе биде уште една добра можност за општините, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Градоначалникот на Желино, Сејдиу потсетил на некои од приоритетните активности на општината за оваа година, како потребата за решавање на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа општина и деловните субјекти, особено за асфалтирање на улиците во повеќе населени места.

Тој ја истакна можноста за аплицирање со проекти со кои би се подобриле условите за живот на жителите на целата општина, а воедно укажа и на реконструкцијата на две училишта во општина Желино со средства од Министерството за локална самоуправа. Сејдиу, исто така, ја спомена и изградбата на Младинскиот културен центар за кој очекува финансиска поддршка од ИПА фондовите за прекугранична соработка. 

Треба да знаете
Последни објави