Лекторат за македонски јазик во рамките на Универзитетот во Корча

Во Универзитетот ,,Фан С. Ноли’’ во Корча, ќe се отвора Лекторат за македонски јазик, со цел зацврстување на врските и поголема соработка меѓу универзитетите во Република Северна Македонија и универзитетот “Фан С. Ноли”.

Оваа идеја произлезе од Научниот симпозиум посветен на “Животот и Литературното дело на Стерјо Спасе”, кој во соработка со македонското друштво “Сонце”, беше организиран од Универзитетот.

Во таа насока, македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, по извршени претходни подготовки и координација со ректорот на Универзитетот “Климент Охридски” во Битола, Сашо Коруновски, пред 4 дена се сретнаа со ректорот на државниот Универзитет „Фан С.Ноли“ во Корча, Али Јашари и членови на ректорската управа, при што беа иницирани два конкретни предлози:

-Отворање на Лекторат за македонски јазик; и
-Заемно организирање на проверка на познавање на македонскиот јазик и издавање на дипломи на заинтересирани студенти и лица.

Ректорот Али Јашари, идејата за воспоставување на Лекторат ја оцени како мошне добра и предложи да се преземат неопходните подготовки за нејзина реализација.

Треба да знаете
Последни објави