Во организација на Форумот на жени на СДСМ, во Скопје се одржува марш по повод меѓународниот ден на жената 8 Март. Маршот започна напладне пред зградата на ЕУ-Инфо центар во Скопје, а ќе заврши во градскиот парк во Скопје (Школка).
Од партијата најавија дека обраќања ќе имаат претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кандидатот за претседател на државата од СДСМ Стево Пендаровски, како и на Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Мија Јаворник од Партијата на европски социјалисти.