На 08.03.2019 година во 11,20 часот во Полициската станица Валандово Т.Б.(37) вработен во бензинска пумпа во с.Јосифово пријавил дека од лицето С.П.(27) од Босна и Херцеговина, кој бил возач на товарно моторно возило со полуприколка, бил замолен да пријави во полиција бидејќи се сомневал дека во полуприколката имало непознати лица.
Од страна на полициски службеници било постапено по пријавата и при преглед во внатрешноста на полуприколката биле откриени шест лица од Авганистан. Тие биле преземени од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин “Богородица“ и предадени за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.