Тотенхем забележа трет пораз во последните четири натпревари во Премиер лигата, откако допушти пресврт со 1:2 од Саутемптон на „Сент Мери”.
Хари Кејн (26) го отвори резултатот, откако претходно на два пати гредите ги запираа гостите. Во второто полувреме кај лондонскиот тим видливо се почувствува замор, кој се насобра по победата над Борусија Дортмунд во текот на неделата. Саутемптон го искористи тоа и стигна до целосен пресврт по головите на Јан Валери (76) и Џејмс Вард-Праус (81).
Маурисио Почетино, кој е казнет и немаше право да го води тимот од клупата во овој натпревар, направи пет промени во споредба со дуелот со Борусија (Дортмунд) во текот на неделата. Вокер-Питерс, Роуз, Даер, Лукас Моура и Деле Али започнаа. Ова беше прв меч за него од јануари.
Тотенхем останува на трето место, но само на три бода пред Манчестер Јунајтед, кој утре ќе гостува на Арсенал. Саутемптон сега има 30 поени – два повеќе од Кардиф.
Резултати од Премиер лига:
Кристал Палас – Брајтон 1:2
Кардиф Сити – Вест Хем 2:0
Хадерсфилд – Борнемут 0:2
Лестер – Фулам 3:1
Њукасл – Евертон 3:2
Саутемптон – Тотенхем 2:1.
Во последниот дуел за денес, шампионот Манчестер Сити го пречекува Ватфорд.