Грчките медиуми објавија шокантни снимки од тепањето на 23-годишно девојка- навивачка на Панатинаикос, од хулиганите на Олимпијакос. На видеото може да се види дека групата навивачи на Gate 7 буквално ја газат девојката која беспомошно лежи на патот.
Интересен е фактот дека инцидентот се случил по женскиот натпревар во ватерполо меѓу овие две екипи. Повредената девојка од уште посериозни повреди ја спасила моторџиската кацига на глава.