Арсенал го нанесе првиот пораз на Оле Гунар Солскјер на чело на Манчестер Јунајтед, откако ги победи „црвените ѓаволи” на „Емирати” со 2:0.
Во 12-тата минута Гранит Џака постигна гол по извонреден удар од левата страна, а Пјер Емерик Обамејанг реализираше од пенал во 69 минута.
Фудбалерите на Оле Гунар создадоа неколку добри позиции, но голманот Бернд Лено одлично бранеше и не дозволи топката да помине зад неговиот грб.
По овој успех, Арсенал се искачи на четврто место во Премиер лигата, со 60 поени, две повеќе од Манчестер Јунајтед и три од Челзи. Третиот Тотенхем има 61.