Словачки пратеник го изгубил целото семејство во авионската несреќа, неговата порака ќе ви го скрши срцето
Антон Хрнко, словачки пратеник, објавил дека неговата сопруга и двете деца се меѓу загинатите патници кои биле на летот на “Ethiopian Airlines”.
“Со длабока тага објавувам дека мојата драга сорпуга Бланка, синот Мартин и ќерката Мишел починаа во текот на воздушната катастрофа во Адис Абеба денес во утринските часови”, напишал тој и замолил за малку тишина во нивна чест.
Животот на овој лет го изгубиле 157 патници.
Меѓу патниците имало 32 државјани на Кенија, девет од Етиопија, по осум од Италија, Кина и САД, седум од Велика Британија и Франција, шест од Египет, пет Холанѓани, по четири лица од Индија и Словачка, по три од Австрија, Шведска и Русија, по двајца од Мароко, Шпанија, Полска и Израел.
На кобниот лет имало по еден државјанин на Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда, Јемен и Србија.