Синоќа Реал Мадрид славеше со 1:4 на гостувањето кај Ваљадолид, а на домаќините во два наврати им беше поништен гол.
Домаќините имаат за што да жалат – промашија пенал, два гола им беа поништени со помош на ВАР технологијата, а при првиот гол се случи нешто навистина интересно.
Главниот судија побара помош од ВАР собата, а кога режисерот објави снимка од просторијата каде што судиите вршат прегледи на видео снимки, просторијата беше целосно празна. На крајот сепак беше донесена одлука за поништување на голот, а шпанските медиуми тврдат дека станува збор за техничка грешка.