Поп-пејачот Џастин Бибер (25) им се обрати на фановите со емоционален пост во кој откри дека не се чувствува добро и ги замоли да се молат за него.
„Само сакав да ве известам за тоа што се случува, со надеж дека моите зборови ќе допрат до вас. Се чувствувам неповрзано и чудно … само сакав да се јавам и да ве замолам да се молите за мене. Бог е верен и вашите молитви навистина дејствуваат, благодарам … “, напиша Бибер.
еговите обожаватели во коментарите не престануваат да пишуваат пораки за поддршка и да му кажат дека го сакаат. Исто така, многумина се молат за пејачот и во коментарите.
Повеќе од четири милиони луѓе за неколку часа ставија „лајк“ на неговата објава.
Американските медиуми во последните неколку месеци пишуваа дека Бибер страда од депресија и дека и порано се лекувал од неа.