Најважниот советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, Јан Хекер и нејзиниот советник за Балканот, Матијас Литенберг, вечерва доаѓаат во Белград, пренесува „Блиц“ повикувајќи се на дипломатски извори.
Двајцата ќе дојдат во Белград по посетата на Приштина, а вечерва или утре ќе остварат средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, со цел да се обидат да ги намалат тензиите меѓу двете страни.
„Овој состанок е одлучувачки кога станува збор за иднината на дијалогот и односите меѓу двете страни“, рекол за „Блиц“ изворот од дипломатските кругови.
Хекер и Литенберг во моментов се во Приштина, но сé уште нема официјална најава за нивното пристигнување во Белград.
Како што пишува „Блиц“, и покрај добрите односи кои српскиот претседател ги има со канцеларката Меркел, тој не го најавил овој состанок.