Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво и за 4,7 проценти на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, намалувањето кај моторниот бензин е 1,6 отсто на месечно и 17,3 проценти на годишно ниво, кај керозинот е седум на месечно и 4,3 отсто на годишно, а кај ТНГ горивото три на месечно и 7,4 проценти на годишно ниво.
Кај дизелот, пак, има пораст од 0,5 отсто на месечно, а намалување од 2,7 проценти на годишно ниво, додека кај мазутот има зголемување од 2,6 отсто на месечно и 1,1 процент на годишно ниво.