Вкупниот обем на трговијата со оружје во периодот од 2014-1018 година е зголемен за 7,8 отсто во однос на периодот 2009-2013 година, се наведува во извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).
Во последните пет години, САД обезбедуваат над една третина од светските оружје, засилувајќи ја улога на светски продавач на оружје. Во анализираниот период, САД учествувале со 36 отсто во светската продажба на оружје наспроти 30 отсто во периодот 2009-2013 година.
САД продаваат оружје на најмалку 98 земји, многу повеќе од кој било друг главен снабдувач, покажуваат податоците на СИПРИ.
Испораките на САД вклучуваат „современи оружја како борбени авиони, крстосувачи за кусо растојание и балистички проектили, како и голем број навигирачки бомби”, се вели во изјавата на Од Флерант, раководител на програмата за оружје и воени трошоци на СИПРИ.
Над половина од продажбата на оружје на Вашингтон е наменета за Блискиот исток, каде 22 отсто се за Саудиска Арабија, што ја прави најголем пазар за САД.