Адеми: Одиме по чудо во Лондон !?

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите на „Максимир“ беше поразен убедливо од италијанскиот Милан (0:4). Калчолигашот со овој тирумф  е се поблиску до 1/8 финалето од елитното клупско натпреаврување, а  „модрите“ во последното коло од групата ќе треба да ја фаќаат сламката за спас во Лондон на дуелот со Челзи, за да се пласираат барем во Лигата на Европа.

Капитенот на Динамо, македонскиот репрезентатвец Аријан Адеми им се извини на навивачите за убедливиот пораз и најави дека во Лондон ќе се обидат да го направат тоа чудо.

-Поакажаа дека се подобри, жал ми е за навивачите кои беа фантастични. Вториот гол беше одлучувачки. Во Милано бевме блиску да се вратиме, но тука направивме грешки кои не смеевме. Имаме уште еден натпревар, и одиме по чудо во Лондон, рече Адеми.

Динамо има четири бода, откако го совлада Челзи и одигра нерешено со Салцбург на „Максимир“, а загуби двапати од Милан и еднаш од Салцбург.

Треба да знаете
Последни објави