Израелскиот јавен обвинител Авичаи Манделблит изјави дека доказите против премиерот Бенјамин Нетанјаху за корупција ќе ги претстави дури по парламентарните избори, кои ќе се одржат на 9 април.
Министерството за правда денеска соопшти дека јавниот обвинител донел одлука доказите да се објават по изборите, бидејќи е загрижен дека информациите би можеле да протечат во медиумите.
Менделблит предложи против Нетанјаху да бидат покренати три обвиненија поради корупција. Обвинение може да се покрене само по сослушување, а од Министерството за правда порачуваат дека тоа ќе се случи на 10 јули.
Израелскиот премиер е обвинет дека примал подароци од своите пријатели милијардери, а бил благонаклонет и кон една телекомуникациска компанија во замена за позитивни вести за себе. Нетанјаху демантира дека работел незаконски.