Некогашниот претседател на Србија и лидер на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ изјави дека никогаш не бил за поделба на Косово, туку дека прифатил ентитетско решение, оценувајќи дека мора да има ревизија на Бриселскиот договор, што е ,,екстремно опасно”.
,,Мислам дека ќе мора да има ревизија на Бриселскиот договор и дека ова е многу важен момент, но тоа е исклучително опасна ситуација, бидејќи секој меѓународен договор што е потпишан е многу тешко да се преиспита, без притоа да нема последици за оној којшто тоа го сака”, рече Тадиќ за Радио-телевизија Војводина.