Во склад со веќе востановената традиција, Стрип-центарот на Македонија и Град Скопје ве повикуваат на традиционалниот стрип-конкурс „Скопска стрип-акција“’ на чие име со гордост му се додава и епитетот „стрип-фестивал“. Овој проект е дел од годинашната програма на Град Скопје за 2019 година.
Право на учество имаат сите лица коишто живеат или учат/студираат во главниот град, без разлика на полот и возраста. Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна, треба да биде со најмалку 5 сликички
Стриповите нема да бидат вратени.Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.
Tемата на стрипот е слободна. Секој автор (цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип; Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.
На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…). Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање адреса и држава од каде е авторот, е-пошта, како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите, како и називот на стрипот.Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени предвид за награди.
Стриповите треба да се на македонски јазик и кирилско писмо, или на јазиците на етникумите со задолжителен превод на македонски јазик (на посебен лист). Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на завршната изложба во Домот на култура „Кочо Рацин“, реална можност за друг вид промоција. Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија. Рокот за испраќање е до 25 мај 2019 година.
Тие може да се испратат на е-пошта:stripkonkurs@gmail.com.