Авион во Саудиска Арабија беше принуден да направи круг и да слета веднаш по полетувањето за Куала Лумпур, откако на една од патничките и текнало дека го заборавила бебето во чекалната.
Локалните медиуми објавија снимка на која јасно се слуша гласот на пилотот, кој бара дозвола од контролорите на воздушниот сообраќај да се врати на аеродромот во Џеда.
https://youtu.be/U3t8NYYWMKY
,Нека Бог биде со нас. Можеме ли да се вратиме или што понатака да правиме? Патникот го заборавил своето бебе во чекалната”, се слуша гласот на пилотот на снимката.
Кога контролорот побарал од пилотот да го потврди тоа што го кажал, тој му одговорил дека патничка го оставила своето бебе на терминалот и дека одбива да продолжи со патувањето.
Операторот потоа им дал дозвола да се вратат на меѓународниот аеродром ,,Кралот Абдул Азиз”. ,,Добро, вратете се на терминалот. Ова е сосема нова ситуација за нас”, рекол контролорот на летот.
Луѓето кои патувале од Џеда во Куала Лумпур веднаш објавија на социјалните мрежи за настанот. Британскиот весник, ,,Сан” ја пофали реакциата на пилотот, додека други жестоко дебатираат за невниманието на мајката.