Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа се сретна со советниците на германската канцеларка Ангела Меркел, но по двочасовната средба немаше ниту изјави, ниту соопштение.
„Блиц” претходно соопшти дека Јан Хекер, најважниот надворешнополитички советник на Меркел и нејзиниот советник за Балканот Матиас Литенберг, допатуваа во Белград за да се обидат Белград и Приштина да ги вратат на преговарачка маса.
Тие претходно во Приштина разговараа со претставници на косовските власти.
Дипломатски извори за „Блиц” оцениле дека состанокот со Вучиќ би можел да биде одлучувачки во однос на иднината на дијалогот.