Неверојатна измама смислила 21 годишна Словенка , која за да добие пари од осигурителни компании , си ја отсекла раката.
Словенската полиција ја привела девојката , која си ја отсекла раката над зглобот на шаката и побарала од неколку осигурителни компаниипари , откако им пријавила дека наводно си ја исекла со циркуларна пила додека сечела дрва за огрев.
Заедно со неа се осомничени уште три лица , кои исто живеат во близина на Љубљана и тоа мажи на возраст од 29 , 58 и 63 годишна возраст. Во нивниот дом бил направен планот, соопшти полицијата на денешната прес конференција. Сите биле приведени , а потоа пуштени , додека девојката и 29 годишниот маж , по распитот, добиле продолжување на притворот.
За вакви кривични дела им се заканува затворска казна до осум години.
Лицата минатата година до детали го смислиле планот. Со пет осигурителни компании склучиле договор за обештетување во случај на несреќа на име на девојката. Откако на почетокот на оваа година ги платиле првите рати од осигурувањето, девојката намерно си ја отсекла раката.
63 годишниот маж потоа се преправал дека и дава прва помош и повикал помош , но кога дошле на местото , намерно заборавил на медицинските екипи да им го даде отсечениот дел од раката. Но , на докторите им станало сомнително и се вратиле назад , по што со оперативен зафат и ја зашиле раката на девојката.
По неколку дена , почнале да бараат пари од осигурителните компании , кои пријавиле во полиција. Доколку им успеала измамата , девојката ќе земела 383 000 евра обештетување , како и над 3 000 евра доживотна месечна рента за инвалидитет.
Осигурителните компании за ваквата лажна пријава , можеле да претрпат штета и од 3 милиони евра.