Актерката и поранешен модел Шерон Стоун го прослави 61. роденден и е една од оние жени кои покажуваат дека годините се само бројка.
Таа е родена на 10 март 1958 година во Медвил, Пенсилванија, а како дете била многу интелигентна и го прескокнала првото одделение и отишла во второ само со пет години. Нејзината сестра Кели Стоун се присети на тие младешки моменти, па по повод роденденот ги објави нивните фотографии кога биле деца.
Таа имаше само 17 години кога ја освои титулата Мис Пенсилванија, што ѝ овозможи да стане модел во разни кампањи. На 22-годишна возраст, таа дебитираше во филмот на Вуди Ален „Stardust Memories“. Потоа се нижеа разни улоги меѓу кои и онаа со Арнолд Шварценегер (71).
За улогата во трилерот „Казино” доби Златен глобус, а највпечатлива улога во кариерата оствари во еротската драма „Сурови страсти”, во која партнер ѝ беше Мајкл Даглас (74) . Поради разголените сцени во филмот ја следеше имиџ на фатална заводничка.
Зад себе има два неуспешни бракови, со Фил Бронштајн (68) и Мајкл Гринбург (67), а посвои дури три сина, Роан (18), Квин (12) и Лајрд (13).
Најголемото чудо се случи на 21 септември 2001 година, кога Шерон доживеа сериозен мозочен удар, а лекарите ѝ даваа само пет проценти шанса да преживее. Таа долго време не можеше да зборува, да чита или да пишува, но успеа да се врати во живот.
Актерката привлече големо внимание на роденденската забава на рокерот Стивен Тајлер (70) на почетокот на февруари, кога носеше црн мрежест фустан со боди под него. Кога ја видоа, многумина не веруваа дека Шерон ќе го прослави својот 61. роденден за само еден месец.
Во една пригода таа рече дека речиси никогаш не била на диета, а што се однесува до естетската хирургија не крие дека ја поддржува.