Смртоносната бактерија МРСА е откриена со вонредни контроли во една градинка и во едно основно училиште во Скопје. Заразени се две деца и двајца воспитувачи.
Минатиот месец МРСА беше откриена кај забен техничар вработен во Стоматолошкиот клинички центар поради што контрола беше направена кај сите вработени.
МРСА е бактерија отпорна на повеќе антибиотици поради што лекарите велат дека тешко се искоренува, а може да предизвика гнојни инфекции на кожата, воспаление на дишните патишта и пневмонија кои може да завршат со смрт.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) потврди дека од бактеријата МРСА има четворица заразени за кои веќе инспекцијата излегла на терен, но немаат пријава за бебиња родени во Чаир носители на бактеријата.
Бактеријата била пронајдена во градинка во Чаир и училиште во Бутел.