Денеска со почеток во 10 часот, во просториите на У.З. „Кузман Јосифоски Питу“ (ул. Стрезово бр.7 – Козле), ќе се одржи презентација и јавна расправа за Планот за управување со животната средина за изградба на „Спортско адреналински парк – Карпош“ во Општина Карпош.
На средбата ќе присуствуваат и претставници од граѓанскиот сектор, бизнис секторот и локалната самоуправа кои се активни и работат во областа на одржлив развој и животна средина, како и засегнати и заинтересирани граѓани на Општина Карпош.