Могерини: Штом Приштина ги укине царините, ќе повикам нова рунда разговори

Високата претставничка на ЕУ, Фредерика Могерини изјави на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк дека ,,царините кои владата на Косово ги воведе за увоз од Србија мора да се стават вон сила” и дека штом царините бидат укинати ќе повика на нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина.

Целта на дијалогот, според неа, е да се постигне правно обврзувачки договор кој мора да понуди решение за сите отворени прашања и да доведе до целосна нормализација на односите меѓу Приштина и Белград. Договорот треба да добие поддршка од Советот за безбедност на ОН и за него треба да се договорат исклучиво двете страни во дијалогот – Белград и Приштина.

Треба да знаете
Последни објави