Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од вчера престојува на работна посета во Романија, каде за денеска е закажан чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, во Сенатот на Романија.
Утре Џафери ќе престојува во Литванија, каде исто се очекува ратификување на протоколот за НАТО.
Претседателот на Собранието ќе има кратко обраќање пред пратениците во Сенатот на Романија и пред пратениците во Сејмот на Литванија. Од Сејмот ќе биде овозможен директен пренос на Собранискиот канал. Во рамките на овие работни посети Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.