Тифани Трамп (25), најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп (72), во понеделникот вечерта пристигна во Белград каде што ќе остане 11 дена. Со неа во Србија пристигнаа и пријателите и момчето Мајкл Булос, а исто така и обезбедувањето кое беше задолжено за патувањето да помине на најдобар можен начин.
Штом пристигна во Белград, Тифани отиде во кафуле во Скадарлија и уживаше во звуците на балканската музика и специјалитети. Друштвото се забавуваше долго во ноќта, објавија српските медиуми.
Во вторникот утрото Тифани отиде на прошетка и го разгледуваше Белград.
„Поздрав од Србија“ напиша Тифани на кирилица под фотографијата на која позира покрај статуата на Карл Малден, американски актер од српско потекло.
Потоа таа отиде во хотелот каде што престојуваше. Пред хотелот ја чекаше службен автомобил на американската амбасада со полициски возила.
Освен во градот, безбедносните мерки беа зајакнати и во хотелот. Пред ќерката на Трамп да се симне со лифт, девојката што ја придружуваше го информираше обезбедувањето дека Тифани наскоро ќе слезе.