Грција треба да продолжи со спроведување на недовршените економски реформи за да ги намали ризиците за заздравување, соопштија претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во првиот извештај откако земјата излезе од третата програма за помош.
ММФ сега очекува грчката економија годинава да порасне со стапка од 2,4 отсто, а во 2020 со стапка од 2,2 отсто, со цел во следните години да дојде до забавување, пренесе Ројтерс.
На економскиот раст годинава ќе му помогне и поголемата потрошувачка по недамнешното зголемување на минималната плата од 11 отсто, што е прво зголемување од почетокот на кризата.
„Грција треба да ги преиспита неданешните промени во принципите на колективното преговарање и да продолжи со имплементацијата на недовршените реформи“, порачаа од ММФ.
Како што се оценува во извештајот, Грција треба да ги намали каматните стапки, да ги зголеми инвестициите и да се подготви за потенцијални буџетски ризици, меѓу кои е и зголемувањето на буџетското трошење во случај судските одлуки да ја урнат мерката за намалување на платите и пензиите во јавниот сектор.