(Видео) Индијка во последен момент избегна смртоносен налет на воз

Непозната девојка од Индија, 2019 година може да ја прогласи за најсреќна година во нејзиниот живот откако на железничка станица за влакно избегна удар од воз.

Имено, во еден град во Индија, девојката се сопнала и паднала во моментот кога возот со неверојатна брзина пристигнувал на станицата.

https://youtu.be/jnbBqdUnazY

Како што пренесоа локалните медиуми, настанот се случил на железничката станица Дадар, кога девојката се обидела од пругата да се качи на платформата. Ударот бил значително намален односно речиси целосно избегнат, поради тоа што машиновозачот ги активирал сопирачките откако ја забележал девојката од далеку.

Докоторите за прва помош сакале да ја одведат девојката во болница бидејќи имала некои посирни повреди, но таа одбила и самостојно ја напуштила станицата без да каже повеќе детали за себе.

Треба да знаете
Последни објави