Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши вонреден програмски надзор врз емисијата „Во центар“ емитувана на ТВ Алфа на 24 февруари 2019 година, при што е констатирано прекршување на програмските начела за вршење на дејноста од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Надзорот покажа дека во делови од емисијата, од страна на новинарот Васко Ефтов при интервјуто со претседателот на политичката партија Достоинство, Стојанче Ангелов, не се почитувани начелата за вршење на дејноста, меѓудругото преку оневозможување на соговорникот да се доискаже, користење лични дискредитации, односно преку обраќање на начин кој е непримерен за комуникација преку медиум“ наведува во извештајот на Агенцијата.