Две десетгодишни деца се повредени откако вчера околу 13 часот биле удрени од автомобил „Киа” со тетовски регистарски таблици што го управувал Ј. С.(52) од Голема Речица, по што тој веднаш го напуштил местото на несреќата, информираа од СВР Тетово.
Инцидентот се случил на улицата „168″ во Тетово додека децата оделе пешки по што со друго возило биле пренесени во тетовската Клиничка болница.
По кусо време возилото што ги удрило било пронајдено и обезбедено од страна на полицијата, на местото бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот, посочија од СВР Тетово.