Борче Ристовски од Мелбурн по три години призна дека ја убил сопругата Карен

Македонецот од Мелбурн, Борче Ристевски (54), се изјаснил за виновен за убиство без умисла во врска со смртта на неговата сопруга Карен (47), во пресрет на неговото судење во Врховниот суд на австралиската сојузна држава Викторија, пренесуваат австралиските медиуми.

Телото на Карен Ристевски беше пронајдено во февруари 2017 година, откако исчезна во јуни 2016 година кога излегла на прошетка со својот автомобил и никогаш не се вратила.
Нејзиниот сопруг негираше дека е виновен и поврзан со исчезнувањето, па иако немаше конкретни докази дека е виновен за нејзината смрт, во декември 2017 беше обвинет за убиство.

Ристевски се изјасни за виновен на еден ден пред почетокот на судскиот процес, што претставува големо изненадување. Признанието доаѓа откако Судот на вчерашната расправа рече дека постојат докази дека Ристевски ја убил, но не може да се докаже дека имал намера да го направи тоа.

Во текот на двонеделното сослушување во пресрет на судскиот процес, судот слушна докази за честите караници на двојката Ристевски поради финансиските проблеми со семејниот бутик и долговите од стотици илјади долари. Борче и Карен се карале, пред таа, наводно, да „излезе на прошетка за да ги разбистри мислите“, утрото кога исчезнала. Ристевски првобитно и кажал на полицијата дека дента работел од дома, за неколку дена подоцна да потврди како го возел автомобилот на Карен, до бензинска пумпа за да наполни гориво, истиот ден кога таа исчезнала. Властите ја оспоруваа приказната на Македонецот од Австралија, сметајќи оти возел во националниот парк Маунт Маседон, за да се ослободи од телото на сопругата.

Треба да знаете
Последни објави