За Лејди Гага (32) ова беше одлична година. По освојувањето на наградата „Греми“, таа ја доби и оскаровската статуетка за песната „Shallow“, која ја пее во филмот „Ѕвездата е родена” со Бредли Купер (44). Поради нивната хемија на снимањето, јавноста почна да шпекулира дека Бредли и Лејди Гага се заедно. Потоа оскаровката раскина со свршеникот Кристијан Карин (50), а се појавија и озборувања дека е бремена.
Пејачката се осврна на овие коментари на својот твитер-профил.
„Озборувањата дека сум бремена? Да, бремена сум со LG6“, напиша Лејди Гага алудирајќи на новата песна и истоимениот албум кој ќе биде објавен оваа година.
Многу обожаватели погрешно го сфатија нејзиното соопштение и ѝ честитаа на приновата, додека многумина се радуваа на новата песна.
„Се надевам дека наскоро ќе ти пукне воденикот “, ѝ пишуваа нејзините обожаватели, кои со нетрпение го чекаат LG6.
Ова беше големо олеснување за оние кои се загрижени за потенцијалната афера на пејачката и Бредли, кој е во врска со моделката Ирина Шајк (33).
Инаку, фотографиите од септември 2018 година од промоцијата на филмот „Ѕвездата е родена” покажаа дека Бредли има траги од кармин покрај устата, додека Лејди Гага стоеше покрај него со истата нијанса на кармин на устата. Некои обожаватели тврдеа дека двојката се бакнувала, други ги бранеа дека го промашиле образот и случајно се бакнале во уста.