Финансискиот магазин Глобал фајненс ја прогласи Охридска банка Сосиете Женерал за „Најдобра банка во Македонија” за 2019 година.
Според уредничкиот одбор на Глобал Фајненс најдобри резултати покажува Охридска банка Сосиете Женерал при направената евалуација на објективните и субјективните критериуми, што го мерат остварувањето натпросечни напори во своето работење при тоа воведувајќи производи и услуги во реално време што истовремено нудат апсолутна безбедност за клиентите.
-Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која Охридска банка Сосиете Женерал ја има во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност, нашата истрајност и посветеност. Одличните резултати што во низа ги постигнуваме, како и историски највисокиот раст на добивката на Банката во изминатата година, само покажуваат дека апсолутно го заслужувме ова, вели Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска Банка Сосиете женерал.
Банката ја добива оваа награда четири години по ред. Финансискиот магазин Глобал Фајненс, публикација на Светска Банка што е достапна во 188 земји во светот, по 26-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда “Најдобра банка за 2019 година” во регионот на Централна и Источна Европа за 2019 година.
Наградата на Охридска банка Сосиете женерал за Најдобра банка во Македонија ќе и биде доделена на 19 октомври 2019 година во рамките на годишното собрание на ММФ / Светска банка во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 22-те најдобри банки од Централна и Источна Европа.