(Видео) Стоилковски: Преименувањето на „Македонски шуми“ е само уште едно од низата на национално обезличување

„Македонските шуми“ со Преспанскиот капитулантски чин не смее да бидат македонски. Власта ги преименува во „Национални шуми“. Според капитулацијата тие повеќе не се македонски. Заевизмот ве убедува дека идентитетот е зајакнат, но како и се друго, и шумите повеќе за оваа Влада не се македонски, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Преименувањето на „Македонски шуми“ како јавно претпријаие е само уште едно од низата на национално обезличување, на бришење на идентитетот, на посебноста на македонската нација, на предавството на придавката македонско, македонска, македонски, се што е изведено од Македонија.

Ова јавно претпријатие во чии што подружници СДСМ непотистички вдоми можеби стотици партиски членови и нивни синови, ќерки, внуци, роднини, сите од непотистичкиот проект мрежа, сега е цел на ново злоставување- бришење на неговото име.

Наспроти лажните вести пласирани од СДСМ дека идентитетот е зачуван, забраната за употреба на придавката, преименувањата на институциите, дури и на македонски шуми, значи исто што и вадењето на буквите од Владата на Република Македонија. Обезличување и обесчествување.

Вакво преименување, ваква суптилна забрана за користење на македонскиот јазик во именувањето, не е ништо поразлична од обезличувањето и обесчесувањето на имињата во Егејска Македонија, кога се избришани сите имињата, сите називи за да не го содржат македонското во себе. Да не заборавиме, токму тоа бришење, истата забрана за користење на македонските имиња, заевизмот го прифати со преспанската капитулација.

Заевизмот е препознаен и презрен кај граѓаните. Заевизмот паѓа, заевизмот ќе биде поразен на претседателските избори, како вовед во конечен пад на предвремени парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова е следниот претседател за право и правда во Македонија, победници се ВМРО-ДПМНЕ и честита Македонија„ порача Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави