Американскиот Федерален суд го одби барањето за 44 невакцинирани деца да се вратат во училиште, повикувајќи се на „невидената епидемија на сипаници” во Рокланд во државата Њујорк.
Родители на ученици во училиштето Грин Медоу Валдроф во Чеснат Риџ поднесоа тужба против окружниот Секретаријат за здравство и тврдат дека ниту едно од децата исклучиени од училиште поради тоа што не биле имунизирани, не добило сипаници.
Истовремено, педијатриските организации изразија поддршка за предлогот малолетни лица да можат да се вакцинираат без согласност на нивните родители.