Тринаесетгодишно девојче од Скопје пријавило во полиција дека нејзиниот татко ја силувал и дека физички и психички ја малтретирал.
Според информациите на МВР, девојчето доцна синоќа, околу 1:55 часот, во полициска станица пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоупотребувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50).
Тој бил приведен и задржан во полициска станица. Од МВР велат дека за настанот е известен јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Девојчето е згрижено и заштитено и од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.