Во текот на денешниот ден е пронајдена и вратена во СОС „Детско село” 16-годишна штитеничка на установата, која беше пријавена за исчезната на 12.03.2019 во Полициската станица Гази Баба. Таа во неколку наврати досега самоволно ја напуштала установата и била пронаоѓана и враќана назад од страна на полицијата.