Уапсен нарко дилер во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Т.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 11.03.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле 294 грама марихуана, семки од Cannabis, 47,5 милилитри хашиш-смола, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Треба да знаете
Последни објави