ЕУ усвои 11 мерки во случај на брегзит без договор

Европската Унија усвои 11 мерки во случај Велика Британија да ја напушти Унијата на 29 март без договор, што би довело до промена на процедурата преку ноќ.

Европскиот парламент денеска ја усвои последната од 11-те мерки кои покриваат повеќе области од воздушниот, морскиот и патниот сообраќај до статусот на странските студенти.

Белгискиот пратеник Том Ванденкенделере ги опишал мерките како типични мерки што се преземаат во вонредна состојба и се воведуваат привремено за одреден временски период под строго пропишани услови.

Кетрин Бердер, која ја претставува југоисточна Англија во ЕП, ги навела патниците на аеродромите како пример за конфузија во случај на брегзит без договор.

„Ако ја напуштиме Унијата на полноќ, тие треба да знаат дали авионите ќе може да полетаат следниот ден, дали одобренијата за лет на нивните пилоти се важечки, тоа се работи кои се всушност потребни за еден лет со авион“, рекла таа.

Британските пратеници денеска ќе гласаат за излегување на Велика Британија од ЕУ, без договор, по синоќешното повторно отфрлање на договорот на премиерката Тереза Меј.

Треба да знаете
Последни објави