САД планираат во август да извршат прво тестирање на тип крстосувачки ракети, кои пред 30 години се забранети со Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, тврдат неименувани претставници на американската одбрана.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец го суспендира своето членство во Договорот, што од правен аспект дава простор да се почне со планирање за тестирање „нуклеарни ракети” во август.
Вашингтон треба до август да се повлече од Договорот, потпишан во 1987 година, со кој се забранува тестирање и распоредување ракети со одреден дострел, кои се лансираат од земја.
По одлуката на САД, и рускиот претседател Владимир Путин го суспендираше учеството на Москва во Договорот за нуклеарни сили со среден дострел.