Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на водоводна мрежа со пречник 100 мм во Парк-шумата Гази Баба, без водоснабдување од 8.30 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улицата Менделеева и високата зона во населбата Автокоманда во општина Гази Баба.