Ѕвездата од „Игра на троновите“ ги покажа лузните од камшикување

„Овие лузни се вистински. Моето семејство ме камшикуваше во ‘име на уметноста’. Не го гледав ова како форма на насилство. Мислев дека е нормално бидејќи беше во ‘име на уметноста’“, напиша британската актерка Есме Бјанко (36).

Ѕвездата на филмот „Игра на троновите“ изјави дека била подложена на физичко насилство во семејството, кое понекогаш ја заклучувало во собата. Таа потврди дека сè уште има трауми и не може да спие ноќе од малтретирањето што го доживеала пред многу години.

Таа исто така сподели фотографија на „Инстаграм“ на која нејзиниот грб беше полн со рани од камшикување што ѝ ги нанело нејзиното тогашно момче. Да го сподели своето интимно минато, ја поттикнало движењето #I Am Not OK, кое нагласува дека жртвите на насилството имаат последици до крајот на животот.

 

„Ова е мојот грб. Овие рани се вистински. Иако поминаа многу години по оваа случка, сè уште имам кошмари. Јас сум преживеана жртва на семејно насилство и не, не сум добро“, напиша актерката.

Кога се извлече од насилното семејство, таа почна врска со насилен човек. Есме толку се плашеше од него што дури ни за својот роденден не можеше да биде среќна.

„Ноќта пред прославата бев заклучена во собата и не спиев. Јас преживував со многу мало количество храна и бев физички и психички злоупотребувана. Често не ми дозволуваше да спијам“, се сеќава Есме.

Нејзините обожаватели ѝ даваат поддршка и ѝ упатија многу позитивни коментари дека ја сметаат за силна жена која може да надмине сè.

Треба да знаете
Последни објави